Сонот на Новак Ѓоковиќ уште од негова седумгодишна возраст бил да стане тениски првак. Неговиот сон станал јаве благодарение на неговата упорност и трудот што го вложил во ова од мали нозе.
Тенискиот рекет го зел во раце на четиригодишна возраст во тенискиот камп на Копаоник. Три години подоцна го дал своето прво интервју.
На прашањето што му е цел во тенисот, одговорил: „Да станам првак!“
Погледнете како изгледал Ѓоковиќ на седум години кога го давал своето прво интервју.
Побарајте го видеото на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Youtube screenshot