Најтешко е кога човек брани апстрактни вредности, но сепак реални како што се слободата и демократијата во едно општество, за нас новинарите слободата на печатот е кислород, а мене, како и на моите деца во иднина ќе им биде битно да живеат во едно поинакво општество, порачува, новинарот Бранко Героски во интервју за Гласот на Америка.
Героски на прашање за неговите пишувања за криминалот и рекетот на политичка медиумска група забележува што нема истрага по допрен глас, но изразува надеж дека тоа ќе се случи во наредните денови.
Тој во интервјуто зборува за притисоците, провокациите, заканите, клеветите…