Инстаграм воведува посебни ознаки за лажни вести, еве како тие ќе бидат означени ФОТО

Фејсбук со овој потег сака луѓето да можат подобро да одлучат за себе во што ќе веруваат, што да читаат и да споделуваат.

1375

Корисниците на Инстаграм наскоро ќе почнат да добиваат предупредување во врска со лажните содржини на нивниот профил на оваа социјална мрежа.

Фејсбук, во чија сопственост се наоѓа Инстаграм, објави дека во текот на следниот месец ќе додаде функција на двете социјални мрежи која крајно видливо ќе ја обележи неточната или лажна содржина.

Овие ознаки ќе бидат прикажани на врвот од фотографиите и видеата, вклучувајќи ја и содржината на „стори“, кои се означени како лажни или делумно лажни.
За проверка ќе бидат задолжени Фејсбук партнерите кои со предупредување ќе вклучат и линк за нивната оценка на содржината.

Фејсбук со овој потег сака луѓето да можат подобро да одлучат за себе во што ќе веруваат, што да читаат и да споделуваат.

Исто така, корисниците ќе добиваат и посебно предупредување ако почнат да споделуваат некоја невистинитост на Инстаграм.

Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...