Инспектори ќе проверуваат што се случува во гевгелиската градинка

Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

219

По објавувањето на видео на социјалните мрежи од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде што се слуша детски плач, а воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, реагираше и Министерството за труд и социјална политика.

„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките“, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП информираат дека во најбрз рок ќе ја известат јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...