Инспектори нападнати и избркани од Меѓународниот Универзитет во Струга

497

Инспектори од Државниот просветен инспекторат биле нападнати и избркани од просториите на Меѓународниот универзитет во Струга, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 13 часот во Полициската станица од Струга Ѓ.И.(65) и З.Р.(38), двајцата од Скопје, (вработени во Државниот просветен инспекторат) пријавиле дека истиот ден околу 11,00 часот во просториите на Меѓународниот Универзитет во Струга врз основа на задолжение од директорот на Државен просветен инспекторат, требало да извршат вонреден инспекциски надзор.

Кога влегле во просториите на универзитетот, биле пречекани од одговорното лице А.К. кој, откако му биле покажани службените легитимации и задолжението за надзор, на инспекторите веднаш им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови. Истиот, го зел задолжението за вонреден надзор кое му било покажано и на Г.Р. (вработен во универзитетот) и го фрлил и побарал од државните просветни инспектори да го напуштат универзитетот.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...