Инспектори го истражуваат случајот со каснатото дете во градинка

350

Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап, соопштија од Министерстото за труд и социјална политика во врска со случајот со 11-месечното детенце кое вчера мајка му од градинка го зела со гребаници и угризи по телото.

„Поради намалениот број на деца во јавните установи за деца детски градинки во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални следствено на возраста да се згрижуваат во помал број на занимални, но тоа не значи и зголемен број на деца во занималните“, наведуваат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...