Инспекторат: Не се констатирани недостатоци во третманот на родилката

И покрај преземените дијагностички и терапевтски мерки, состојбата на пациентката се влошувала така што на 20. 06. 2019 год. во 14 часот е примена на понатамошен третман и евалуација на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ –ОЕ КАРИЛ заради дисрупција на рана од царски рез. За кратко време настанува брадикардија, асистолија, по што е пристапено кон реанимација по сите протоколи, но пациентката не реагира и настапува смрт во 15.30 часот, објаснуваат од ДСЗИ.

109

Со оглед на фактот дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во рамките на своите надлежности, не констатирал недостатоци, а со цел проверка во однос на стручната работа на здравствените установи и здравствените работници кои учествувале во породувањето на пациентката, како и нејзиниот постоперативен третман, Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно чл. 296 од Законот за здравствената заштита, до министерот за здравство иницира спроведување на стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во породувањето и натамошниот третман на пациентката, соопштија денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а во врска со написите во медиумите кои се однесуваат на починатата родилка од Охрид на Клиники Скопје, породена на 11.06.2019год во ЈЗУ Општа болница Охрид.

Како што појаснуваат, ДСЗИ вчера извршил вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде родилката е лекувана, при што врз основа на увидот во целокупната документација, констатирана е следната состојба:

„Пациентката М.Т. на ден 11.06.2019 година во 04.15 часот е примена на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница Охрид, со прснат воденик во 38. гестациска недела. По направените испитувања по протокол, поставена е индикација за оперативно завршување на раѓањето. Оперативниот тек бил уреден, без компликации, родено е живо женско бебе, со родилна тежина и должина 2.130 гр/46 см со добри витални параметри. Раниот постоперативен период на пациенката уреден, сѐ до утрото 16.06.2019 год., 5-ти постоперативен ден кога од страна на дежурниот забележан е оскуден серозен исцедок од раната, поради што е извршена тоалета на раната. Во текот на денот направени и се лабораториски испитувања и дијагностички процедури. Наредниот ден поради влошена здравствена состојба и врз основа на конзилијарно мислење, пациентката со медицинска екипа и возило од ЈЗУ Општа болница Охрид се транспортира на клиники во Скопје.“

Понатаму, во соопштението се додава:

„Во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство пацинтката М.Т. донесена e на ден 17.06.2019 год. во 14 часот, прегледана, земена е нова лабораторија и со сите претходни анализи пратена е на конзилијарен преглед од абдоминален хирург.
Во 18:30 часот пациентката е вратена на ГАК, направен запис за прием на оделот за анестезија и реанимација. По спроведени повеќе дијагностички и лабораториски испитувања, заради локален наод на оперативно поле на клиниката направена ревизија и обработка на флегмонозната рана, дадена е јака антибиотска терапија, аналгетици, антикоагуланси, антиеметици и гастропротективна терапија.

И покрај преземените дијагностички и терапевтски мерки, состојбата на пациентката се влошувала така што на ден 20.06.2019 год. во 14 часот е примена на понатамошен третман и евалуација на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ –ОЕ КАРИЛ заради дисрупција на рана од царски рез. На прием пациентката била со немерлива тензија, ниска сатурација, во крајно тешка општа состојба. Веднаш е поставена на механичка вентилација и пристапено е кон поставување на централен венски катетер. За кратко време настанува брадикардија, асистолија, по што е пристапено кон реанимација по сите протоколи, но пациентката не реагира на реанимацијата и настапува смрт во 15.30 часот“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...