До Катлановска Бања ДОО Катланово е доставено ново решение, со кое се изрекуваат дополнителни мерки, согласно констатираната фактичка состојба и доставената дополнителна документација од нивна страна во изминатиот период, информира Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
– Во интерес на обезбедување континуиран третман за бањско лекување за пациентите, а врз основа на ова решение, на Катлановска бања им се дозволува згрижување лица, кои имаат потреба од овој тип лекување. Инаку, решението е донесено имајќи ги во предвид дополнително доставените докумети од страна на Катлановска Бања и затекнатата моментална состојба со останатите бањи на територијата на РМ, како и фактот дека е направен пропуст во однос на регулирањето на здравствените услуги во бањите во постојниот Закон за здравствена заштита од 2012 год – стои во соопштението.
Со цел усогласување на стандардите за згрижување на пациентите во Катлановска Бања, како и во сите други бањи во државата, ДСЗИ ги задолжи овие установи во најкраток можен рок да достават елаборати за простор, опрема и кадар, со посебен фокус на одделување на здравствената, со комерцијалната дејност.