Инсектојадно растение и водопади ги пречекаа авантуристите во Пехчевско (ГАЛЕРИЈА)

890

Деведесет џипови од повеќе градови од Македонија, 15 мотоциклистии, 8 четирицикли, 56 велосипедисти и 50 планинари, викендов беа дел од манифестацијата „Пехчево на точак – 2019“.

– Планинарите реализираа планинарска акција до врв Орловец, кој се наоѓа на 1750 метри надморска височина на планината Буковик. Џиповите, моторџиите и велосипедистите возеа по убавите предели на Влаина планина под врвот Кадиица – изјави за Плусинфо искусниот планинар Марјан Митриновски, додавајќи дека за наредната година се планира акцијата да добие и меѓународен карактер.

Планинарите пешачеа околу 18 километри, џиповите извозија околу 50 километри, а велосипедистите околу 30 километри.

– Акцијата почна во 9 часот од Плоштадот Свети Апостоли Петар и Павле во Пехчево. Љубителите на природата имаа можност да ги видат убавините кои ги нудат пехчевските водопади, Делиибови кашчи, инсектојадно растение, вртена скала, рудниците, врвовите Ченгино кале, Кадиица и Орловец, Равна река, караулата Ченгино кале и Страшен андак – објасни Митриновски.

Акцијата беше во организација на Хотел Гогов, планинарскиот клуб Кадиица – Пехчево, Оф-роуд групата и Општина Пехчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...