Иновативно брендирање на Скопје

200

Во Музејот на современа уметност се одржа семинарот „Иновативно брендирање на градовите“ – Градење и комуницирање на компетитивни локални идентитети.

Семинарот е во организација на „Лабораторија за урбано живеење“ (Urban living lab) и се организира во рамките на европскиот проект РОК – регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK) финансиран од Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020.

Проектот „РОК“ се фокусира на историските центри во градовите кои ќе ги користи како „теренски лаборатории” на културното наследство и да покаже како тоа може да биде уникатен и моќен двигател на возобновување, одржлив развој и економски раст за целиот град. Во овој проект учествуваат 36 партнери од 13 земји

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го отвори семинарот и во воведната сесија ги претстави неговите визии во која насока го гледа Скопје.

На овој иновативен семинар, експертот Мигуел Ривас од меѓународната консултантска компанија ТАСО го претстави концептот на менаџирање на иновативен начин на брендирање на градовите и тоа не само од перспектива на комерцијални маркетинг практики туку и преку интегриран пристап на урбан развој.

Главната цел на овој семинар беше да потенцира дека брендирањето на градот е основа за нов начин на промоција и развој на градовите. Истовремено, овој семинар претставува прв чекор од процесот на брендирање на Град Скопје. Процес во кој Градот Скопје ќе работи со сите засегнати страни со цел креирање на заедничка приказна како основа за брендирање на главниот град. Во оваа фаза, Градот Скопје ги повикува сите засегнати страни со свои предлози да учествуваат во креирањето на новата приказна.

На семинарот учествуваа претставници од градската администрација, агенцијата за промоција на туризмот, јавните претпријатија, културните институции, архитекти, урбанисти, туристички работници и графички дизајнери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...