Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Хулен Лопетеги по пријателскиот меч против Тунис (1:0), истакна дека играчот од средниот ред Андрес Иниеста ќе биде целосно подготвен за Мундијалот во Русија.
– Иниеста е фудбалер кој може да го одигра целиот натпревар на високо ниво. Оваа сезона имаше падови, но тој беше во можност да ги надминеме. Сега е подготвен 100 отсто, а дали ќе биде во составот за првиот натпревар ќе одлучиме кога ќе дојде време. Ме радува и тоа дека Бускетс се враќа во форма. Убеден сум дека ќе му помогне на нашиот тим – реце Лопетеги.
Шпанија ќе игра во групата Б со Португалија (15 јуни), Иран (20 јуни) и Мароко (25 јуни).
ФОТО: EPA/Juan Carlos Hidalgo