Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста откри дека веќе донел одлука за својата иднина, но ќе ја објави на крајот на сезоната.
Пред халфот има две можности – да остане за уште една последна сезона или да прифати понуда за две-три години во странство, најверојатно Кина.
– Веќе знам што ми претстои. Но ќе го соопштам тоа, кога ќе проценам – прво на клубот, потоа на тренерот, а потоа на целиот свет. Секој може да ги сфати моите зборови како што сака – изјави 34-годишниот фудбалер.
На „Камп Ноу“ веќе се подготвени со неговиот заменик. До крајот на 2018-та на неговата позиција веројатно ќе играат Филипе Кутињо, Денис Суарез или Андре Гомес, а потоа каталонците ќе се потпираат на новото засилување, Артур.