Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги не можеше да поверува дека неговиот тим го загуби дербито со Јувентус.
„Бјанкочелестите“ беа поразени со 1:2, откако Жоао Кансело израмни во 74-тата минута, а во 88-та пенал, освоен од Кристијано Роналдо, беше реализиран од ѕвездата на „бјанконерите“. Пред тоа домаќините поведоа по автогол на Емре Џан.
– Во оваа сезона немав видено друг тим, кој му отежни на Јувентус до таков степен. Ние упативме девет удари во контурите на голот, а тие само три. Исто така имавме многу шанси од прекини. Фудбалот е неправеден. Не заслуживме да изгубиме. Но ако продолжиме да играме така, навивачите ќе бидат задоволни. Јас сум вознемирен, но и сум горд на тимот. Ги замолив момците да покажат поголем карактер против големите тимови и тоа го направија. Чекаме подобри денови – изјави Инзаги по мечот.
ФОТО: EPA / ANDREA DI MARCO