Инженери сведочат во случајот „Тендери“ против Канческа-Милевска

412
20160203 Wednesday mkc izlozba pikaso picasso ministerka minister kultura elizabeta kanceska milevska

Со сослушување на двајца сведоци во Кривичен почна рочиштето за предметот „Тендери“ на СЈО кој се однесува на тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Свои искази даваа инженери од областа на архитектурата и машинството вработени во Министерството за култура и Акеционерското друштво за стопанисување со јавен и деловен простор на Република Македонија.

На прашање на јавниот обвинител Стевчо Донев, како сведокот Игор Куновски извршил увид на објектот во кој имало противпожарни боци, а за истите постојат царински документ, дека се увезени подоцна од констатираниот увид кој сведокот го потврдил со потпис, Куновски рече дека тој нема увид во такви документи, туку дека направил само увид на лице место како надзор и го потврдил присуството на боците.

Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Во него првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...