Индустријата троши изворска вода, па загадена ја испушта во канализација

115

Од испуштените отпадни води од индустријата скоро целата количина или 92 проценти оди во јавна канализација, пет проценти во земјата и три проценти во акумулации, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци од вкупно испуштените води, пречистени се 0,34 проценти.

Вкупното количество користена вода во 2016 година изнесува 3.699 милиони метри кубни.

Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество е од изворски води 71,86  отсто.

Вкупното количество зафатена вода од индустриските претпријатија во 2016 година изнесува вкупно 3.709 милиони метри кубни, при што секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има најголемо учество од 98,96 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...