Индонезиската полиција се извини и вети дека ќе преземе дисциплински мерки против своите вработени, откако во јавност излезе видео на кое се гледа како полицајци на осомничен околу врат му ставаат змија настојувајќи да го натераат на признание за кражба на мобилен.
На видеото се гледа како осомничениот немоќно вика со раце врзани зад грб, додека полицаецот кон неговото лице ја турка змијата.
– Колку пати си крадел мобилни? – го прашува полицаецот осомничениот, кој на земја се грчи и одговара во страв: „само двапати“.
Полицаецот не се откажува и му се заканува на осомничениот дека змијата ќе му ја стави во уста и во гаќи.
ФОТО: Принтскрин