Индиец тврди дека има 123 години, го покажал пасошот на аеродром и ги шокирал сите!

Свами Сивананда е роден на 8 август 1896 година во Бехали, Индија, a патувал од Колката кон Лондон кога застанал во Абу Даби.

385

Персоналот на аеродромот во Абу Даби бил шокиран кога го видел пасошот на мажот кој пристигнал на терминалот, а во кој пишува дека тој има дури 123 години.

Свами Сивананда е роден на 8 август 1896 година во Бехали, Индија, a патувал од Колката кон Лондон кога застанал во Абу Даби. Ако датумот на неговиот пасош е точен, Сивананда е најстариот човек што некогаш живеел.

Како што се наведува, Сивананда ги загубил своите родители кога имал шест години, по што неговите роднини му дале духовен гуру со кого ја пропатувал Индија. Мажот изгледа многу помладо отколку што се претставува, и тој вели дека тоа е затоа што редовно вежба јога, е дисциплиниран и живее во целибат.

– Водам едноставен и дисциплиниран живот. Јадам многу едноставна, само зготвена храна без масло или зачини, ориз и чорба од леќа со неколку зелени чили. Избегнувам млеко и овошје затоа што мислам дека ова се луксузни производи. Во детството, многу денови спиев со празен стомак – рекол тој.

Инаку, Сивананда веќе три години се обидува да ги докаже своите години за да може да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...