Инаугурација во 12 часот, Пендаровски ја презема функцијата во недела на полноќ

Во недела официјално истекува мандатот на Ѓорѓе Иванов како претседател, а по инаугурацијата, таа титула ќе ја преземе Стево Пендаровски кој победи на вториот круг од изборите.

978

Во недела официјално истекува мандатот на Ѓорѓе Иванов како претседател, а по инаугурацијата, таа титула ќе ја преземе Стево Пендаровски кој победи на вториот круг од изборите.

Инаугурацијата на Пендаровски за петти шеф на државата, најверојатно, ќе се одржи в недела со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна се планира во претседателската резиденција претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да ја извршува претседателската функција, откако оствари победа на изборите на 5 мај, пишува Независен.

Претходно, претседателот на Парламентот Талат Џафери рече дека седница на Собрание мора да има в недела затоа што е последен ден од мандатот на Иванов и не смее да се случи пауза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...