Имран Кан: Од крикет легенда и плејбој до иден премиер на Пакистан

Имран Кан прогласи победа за неговата партија ПТИ, на изборите што се одржаа на 25 јули. Ако стане премиер, Кан ќе ја заврши драмската транзиција од меѓународна крикет ѕвезда до лидер на нуклеарно вооружена земја.

146

Шеесет и петгодишната поранешна меѓународна крикет ѕвезда Имран Кан има силни шанси да стане следниот премиер на Пакистан по изборите на 25 јули, пишува Радио Слободна Европа.

Тој од животот како плејбој меѓу лондонската елита може да стане лидер на религиозната, измачена со насилтва и политички нестабилна нуклеарна сила.

Кан е остро критикуван за поддршката на американските воени интервенции во регионот и за економското вртење на Пакистан кон Кина.

Тој, исто така, се претставува како човек на народот, ветувајќи дека ќе создаде „исламска социјална држава“, ќе стави крај на децениите на корупција и ќе го подобри секојдневниот живот во земјата од 220 милиони луѓе.

– Мојот најголем предизвик ќе биде да им дадам работа на младите, ова е најголем предизвик. Ние направивме фантастичен план за вас и не само еден, туку неколку планови. Со Божја волја, ќе донесеме економски напредок во оваа земја, ќе ја подигнеме стапка на раст, а за пет години ќе изградиме пет милиони евтини куќи, вети Кан.

Роден во Лахоре и образован во Оксфорд, тој ја претвори љубовта кон англискиот спорт во 20-годишна меѓународна кариера, водејќи ја својата татковина и до титула на Светското првенство во 1992 година.

Тој стана еден од сцената на славните во Лондон, а неговиот брак со богатата Британка Џемима Голдсмит во 1995 година го направи таблоидна ѕвезда. Тие се разведоа во 2004 година.

Во 1996 година, Кан ја искористи својата слава и врски во политиката, формирајќи ја партија Пакистан Техреек-е-Инфаф или ПТИ.

Тој загуби во првиот обид да влезе во парламентот во 1997 година.

Откако беше сменет генерал Первез Мушараф, кој ја презеде власта со воен удар во 1999 година, Кан водеше протести против него и беше накратко задржан во затвор.

Стана гласен член на опозицијата во Парламентот во 2002 година, а по бојкотот на општите избори во 2008 година, тој и неговата партија во 2013 година спроведоа агресивна кампања.

Загуби од партијата на Шариф, но Кан ја зацврсти својата позиција како лидер на опозицијата.

Неговите критичари велат дека е премногу близок до воениот естаблишмент, а понекогаш и оти е благонаклон кон пакистанските талибански милитанти.

Врховниот суд на земјата го осуди Шариф минатата година и тој беше затворен за обвиненија за корупција.

– Со Божја волја, ветувам дека ќе ја контролирам корупцијата. Ќе докажам дека и ние можеме да имаме влада овде, во која корумпиран премиер или министер нема да биде на слобода – изјави Кан.

Кан наскоро ќе биде во позиција да докаже дека може да ги промени работите во Пакистан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...