Имотот со голф терени на Трамп во Мајами место за следниот самит на Г7

Им се допаѓа локацијата на хотелот, исто така им се допаѓа и тоа што е многу блиску до аеродромот. И се наоѓа во Мајами, така што тоа е одлично подрачје, рече Трамп.

174
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба да биде домаќин на следниот самит на Г7, а како локација го предложи одморалиштето со голф терени, што го поседува во Мајами.

Во Бијариц Трамп изјави дека неговото одморалиште на Флорида би „било совршениот избор“, што заради својата големина, што заради фактот дека е одалечено пет минути со автомобил од аеродромот во Мајами, пренесоа британските медиуми.

– Им се допаѓа локацијата на хотелот, исто така им се допаѓа и тоа што е многу блиску до аеродромот. И се наоѓа во Мајами, така што тоа е одлично подрачје – рече Трамп.

Американскиот претседател кажа дека се уште не е донесена конечната одлука, но дека локацијата што тој ја понудил е далеку најдобра.

ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...