Имотот не ја спаси Катица Јанева, останува во Шутка

243

Основниот кривичен суд во Скопје го одби барањето од адвокатката на Катица Јанева со понудена гаранција во имот, за таа да излезе од притвор и да се определи поблага мерка.

Тоа значи дека Катица Јанева останува во затворот во Шутка, каде престојот вчера и беше продолжен за нови 30 дена.

За ова барање на одбраната, пред да се изјасни судот требаше мислење да даде и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму, како што информираат од Кривичен, доставиле негативно мислење, по што судијата на претходна постапка одлучувал и го одбил барањето и гаранцијата.

Јанева се наоѓа во притвор од 21 август како осомничена за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“. Покрај неа, осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...