Имотот на петмина судии и на Миле Јанакиески на метата на Антикорупциска

1508

Антикорупциската комисија отвора предмети за петмина судии на кои ќе ги проверува имотните состојби преку анкетните листови кои тие ги доставиле. На мета на антикорупционерите се претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски, како и три судијци: Софија Лаличиќ, Светлана Костова и Александра Зафировска.

Исто така, под лупа на оваа комисија ќе бидат и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот заменик за надворешни работи, Илија Исајловски, и ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

По допрен глас ќе се испитува и судир на интереси за Јордан Тасевски и за Марија Димитровска внука и внук на судијата Владимир Панчевски од Кривичен суд, и за Маја Ристовска, сопруга на поранешниот министер Спиро Ристовски вработена во МАПАС.

Антикорупционерите ќе отворат постапка за утврдување на ризици за склучување на коруптивни договори во постапките на јавни набавки при избор на економски оператори за изработка и ревизија на деталните урбанистички планови за Општина Центар.

По службена должност на денешната седница Антикорупциска усвои одлука за отворање предмети за листа на 18 лица кои извршуваат две или повеќе функции во исто време.

Антикорупциската комисија на денешната седма седница ја усвои Годишната програма за работа за 2019 година и акцискиот план со временска рамка и динамика на активности. Согласно Предлогот на Годишниот план за следење на имотната состојба и судир на интереси за 2019 година ќе се изврши проверка на имотната состојба на и на изјавите на: пратеници во Собранието, членови на Владата, членови на Владата во претходниот состав, директори и замнеици директори нас ЈП во државна сопственост и директори на АД во државна сопственост.

Според Годишниот план за вработување во 2019 година предвидено е во Комисијата со цел зајакнување на нејзините капацитети и спроведување на новите и проширени надлежности согласно новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси да се вработат 11 нови лица, а 15 да бидат унапредени. За оваа активност се очекува поддршка од меѓународни донации.

Усвоена е и Предлог-финансиска стратегија за 2020-2022, со која како што се пофалија аниткорупционерите, не се предвидени трошоци за репрезентација и за службени возила, а во принцип се предвидува зголемување на средствата за нови вработувања и за унапредувања на постојните вработени.

Во 2018 година во Комисијата не се реализирани нови вработувања ниту унапредувања поради нејзината нефункционалност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...