Имотот како гаранција за Јанева да излезе од Шутка

3334

Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, изјави за ТВ21 Ирена Фрчкоска, адвокатка на сега разрешената шефица на СЈО.

Таа рече дека одлуките и од саботата, но и денешната на Советот на јавни обвинители се уште не ги добиле. Фрчкоска најави дека е можно да поднесат тужба. Деновиве истекува и 30-дневниот притвор на Јанева. Нејзината адвокатка вели дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...