Името со чочек ќе го раздаваме

6788
Значи, никогаш, ни на сон, не сум помислил дека толку многу луѓе – толку многу добри луѓе, патем речено! – го мразат своето македонско име. И дека одвај чекаат од него да се ослободат. Како од некоја бемка која утре, не дај боже, може да стане малигна.
Си велев, еден ден, кога ќе се предаваме, можеби нема баш солзи да рониме, ама барем малку мака ќе ни биде. Малкуцка барем. Оти пеевме, нели, македонско име нема да загине. И… А бре Македонче, да.
Сега знам, ако го загинеме името, прво во таа чест ќе се одржи света архиерејска литургија, а потоа ќе прославиме со концерт на Аца Лукас и со чочек во тунел.
И после се чудиме зошто некои велеа (и сѐ уште велат) дека сме биле коминтерновска творба. Па тоа е комплимент, човече! Леснотијата со која го отфрламе македонското од себе покажува дека ние ни тоа не сме. Имено, не сме никаква творба. Евентуално творба во обид…
Боже, смилуј ни се. И прости ни како што им проштеваш на будалите и на пијаните со ваучери. У име оца, сина и Јустинијана прима, амин!
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...