Дваесетгодишниот Богдан Гајиќ, кој ѕверски го убил својот 24-годишен брат Игњат, злосторството го испланирал до детали, пренесува „Курир.рс“.
Игњат бил убиен додека лежел во креветот. Неговиот брат прво го нападнал со боксови, а потоа го заклал. Потоа го повикал својот татко, кој бил во Белград заедно со сопругата и најмладиот син, за да му каже дека „некои момчиња дошле и го земале со себе Игњат“. На тој начин најверојатно сакал да избегне било каков сомнеж дека тој е вмешан во „исчезнувањето“ на братот.
Не се знае која е причината поради која Богдан го убил брата си.
Медиумот пишува дека Игњат на својот Фејсбук, за профилна фотографија ја одбрал таа на која тројцата браќа како мали се прегрнуваат. Таа стоела од 2017 година на неговиот профил.
Тој вчера бил погребан, но она што ги изненадило граѓаните бил неговиот некролог. На него меѓу ожалостените е и Богдан, а не се наведува дека Игњат е убиен, ами дека починал на 19 август на 24-годишна возраст.
ФОТО: Принтскрин / Курир.рс