Актерот Камерон Бојс (20), кој главно учествуваше во емисии и серии на „Дизни“, вчера почина во сон. Тоа го потврди и неговото семејство.
„Со неизречива тага во срцата јавуваме дека утрово го загубивме Камерон. Почина во сон од напад поврзан со долгата и тешка болест со која се бореше“, се вели во соопштението на семејството Бојс за Еј-би-си њуз.
Како причина за смртта е наведена „медицинска состојба“, со која актерот се борел во последниот период.
Своето деби, Бојс го имаше во серијата „Џеси“, а потоа глумеше и во филмовите „Око како орел“, „Потомци“ и „Возрасни“.
„Со неизречива тага во срцата јавуваме дека утрово го загубивме Камерон“, напиша во изјавата портпаролот на семејството Бојс за ABC News.
Последна негова улога беше во серијата „Г-ѓа Флечер’ што наесен ќе се прикажува на ХБО.
Во слободно време, младиот Камерон се занимаваше и со хуманитарна работа.
FOTO:Printskrin