Евровизиската претставничка на Кипар, 38-годишната Тамта станала мајка на 14 години.
Тамта се родила и пораснала во Грузија. На 14 години запознала две години постаро момче и се омажила. Ја родила ќерката Ана која сега има 24 години, а се разведила по шест години брак.
Во една прилика изјавила дека нејзината ќерка секогаш ѝ е на прво место.
– Горда сум на неа. Прво сум мајка, а потоа сѐ друго. Мојата мајка многу ми помогна со ќерката. Да не беше таа, немаше да успеам – открила пејачката.
На 22 години се преселила во Грција, каде со својата мајка чистела по куќи. Отишла на аудиција за грчката верзија на „Супер Идол“ во 2003 година и завршила на второ место. Таа го смета ова за огромен успех, бидејќи се пријавила откако ја разубедиле луѓе кај кои работела како чистачка.
Веќе со години сакала да настапи на Евровизија, а во 2007 година завршила трета на грчкиот избор со песната „With Love“.
Тамта ќе настапи вечерва на евровизиската сцена во Тел Авив со „Replay“.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб