Имав две операции на мозокот за две години – страшната судбина на Емилија Кларк од „Игра на тронови“

Во 2011 година го доживеала првиот мозочен удар, а во 2013. актерката доживела уште еден, овојпат значајно потежок и посилен мозочен удар.

1798

Една од главните актерки во хит серијата „Игра на тронови“, Емилија Кларк (39), во есејот кој го напишала за „Њујоркер“, ја открила болната вистина за својата болест, односно за двата мозочни удари кои ги преживеала во период од две години.

Таа била подложена на операција на мозокот меѓу две сезони од серијата, откако претрпела две аневризми опасни по живот.

Овој несреќен случај, првпат се случил во 2011 година.

„Се облекував во соблекувалната на теретаната и тогаш почнав да чувствувам силна главоболка. Бев толку изморена од неа, што едвај ги облеков патиките. Кога почнав да вежбам, морав сама да се принудам да ги завршам првите вежби… Не го завршив тренингот докрај, туку се „одвлечкав“ до соблекувалната, каде повторно почнав да се чувствувам како некој да ми ја стега главата со еластична лента“, напишала Кларк.

Тој ден го доживеала првиот мозочен удар и завршила на операција. Но, станувало збор за поблаг удар и после само неколку дена се вратила на работа.

Во 2013 година актерката доживела уште еден, овојпат значајно потежок и посилен мозочен удар.

Втората операција била неуспешна, па Кларк била подложна на трета, многу ризична операција:

„Овојпат мораа да дојдат до мојот мозок на старомоден начин – преку черепот. Операцијата не можеше да чека.“

По долгото закрепнување, Кларк се вратила на работа и успешно ги завршувала сите обврски додека еден ден повторно не почнала да чувствува болка посилна од кога било.

„Мислев дека е готово. Тоа е тоа, моето време истече“, се присетила Кларк. Но, за среќа, не била потребна четврта операција и Кларк со помош на лекарите и терапијата, успеала потполно да оздрави.

Токму затоа, поради својот трнлив пат, Клар основала организација под името „Same You“, која им помага на луѓето да закрепнат после повреда на мозокот и мозочен удар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...