Актерката Софи Тарнер (23) се омажи за музичарот Џо Џонас (29) во Лас Вегас, по доделувањето на синоќешните награди Билборд мјузик авардс.
Фотографијата од нивната тајна и ненадејна венчавка во мала капела во Лас Вегас осамна на Твитер, а американскиот диџеј Дипло дел од церемонијата објави на Инстаграм па така, помеѓу останатото, се откри дека двојката ја венчал наместо свештеник, двојник на Елвис Присли, а венчавката чинела околу 600 долари.
– Набрзина ќе свратам на оваа венчавка“, напишал Дипло покрај една од снимките по доделувањето на музичките награди. Американските медиуми пренесуваат дека
Софи и Џое побарале официјален венчален лист веднаш по церемонијата, а снимките откриваат и дека кумови на двојката биле неговите браќа.
Американските таблоиди шпекулираа дека актерката и музичарот ќе се венчаат налето, но тие одлучиле малку да ги забрзаат нештата.
Софи е позната по улогата на Санса Старк во серијата „Игра на тронови“, додека Џое ги „крадеше“ срцата на тинејџерките во бендот „Џонас брадарс“ каде што свиреше со браќата.