Илјадници маршираа на Парадата на гордоста во Букурешт

Дводневниот референдум, кој чинеше 40 милиони долари имаше за цел промена на Уставот, со цел бракот да биде строго дефиниран помеѓу маж и жена, за разлика од моментално „родово неутралните сопружници“.

93
FOTO MIA

Околу 10.000 луѓе вчера се приклучија на Парадата на гордоста во Букурешт, речиси една година откако во Романија не успеа референдумот за забрана на истополовите бракови.

Учесниците на Парадата маршираа, танцуваа и вееја знамиња со боите на виножитото  во центарот на главниот град на Романија. Според организаторот овогодинешната Парада на гордоста беше помасовна од претходната.

Романија ја декриминализира хомосексуалноста во 2001 година.

Дводневниот референдум, кој чинеше 40 милиони долари имаше за цел промена на Уставот, со цел бракот да биде строго дефиниран помеѓу маж и жена, за разлика од моментално „родово неутралните сопружници“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...