Пратеникот Илија Димовски за време на посетата на македонската делегација која учествува на годишната сесија на ПС на НАТО во Лондон се сретна и со поранешниот украински претседател Петро Порошенко.
Тој објави на Фејсбук дека макеонската делегација исто така имала и повеќе билатерални средби со делегации на земји членки и партнери на НАТО.
„Посебно внимание посветивме на средби со делегации од држави членки на НАТО кои сеуште го немаат ратификувано протоколот за членство на Република Македонија, како САД, Италија, Исланд и Холандија, при што добивме силни уверувања за брза ратификација на протоколот во следниот краток период. Покрај со овие делегации, остваривме средба со претседателката на ПС на НАТО Медлин Мун, делегациите на Грција, Украина, Србија, Турција, Австрија, Латвија, Албанија и Црна Гора“, пишува Димовски на Фејсбук.