Пратеникот Илија Димовски во анализа на реализацијата на капиталните расходи од Буџетот за минатата година, констатира дека Владата и оваа година продолжува со исто и дури полошо темпо.
Тој оцени дека е катастрофален степенот на реализација на капиталните расходи и вели дека ова досега не се случило.
„Капиталните расходи на Владата се мерката по која се мери колку Владата и државните институции изградиле или реконструирале (патишта, улици, училишта, болници, библиотеки,…)…
Вкупната сума за предвидени средства за капитални расходи ја утврдува Собранието врз база на предлог и проценка на Владата за тоа колку таа цени дека знае и може да инвестира во изградби и реконструкции на капитални објекти (сами колку побарале)…
Капиталните расходи од Буџетот на државата се најкорисниот дел од средствата на државата со кои може да се покрене и влијае на позитивниот развој на економијата, но и да им се помогне на граѓаните во нивните конкретни потреби, да имаат подобри патишта, подобри училишта, болници…
Покрај катастрофалниот степен на реализација на капиталните расходи од Буџетот за минатата година (во превод: најмалку се градело), Владата и оваа година продолжува со исто и дури полошо темпо.
Вкупната реализација на капиталните расходи во месец јануари 2019 година е: 1,09%
1,09% е рамно на катастрофа…
Толку низок степен на реализација на капитални расходи (во превод: градење) немало никогаш…
СДСМ се надминува и себе си во неработење…
Време е за одговорност…“, пишува Димовски на Фејсбук.