Пратеникот Илија Димовски на Фејсбук пред малку се огласи во врска со дебатата што деновиве се води на социјалните мрежи околу прочистувањето на Избирачкиот список, а поттикната по завршувањето на референдумското гласање.
„Избирачкиот список не се прави врз база на регистар на осигуреници во здравство, земјоделци кои добиваат субвенции или писатели кои добиваат пари за издавање книги…
Избирачкиот список се прави врз база на регистар на државјани на Република Македонија што го води Министерството за внатрешни работи…
Значи, не врз основа на список на жители, туку врз основа на регистар на државјани…
Не секој жител е државјанин и не секој државјанин е жител на РМ…
Каде и да живеете на планетава, ако сте државјанин на Република Македонија, мора да си дел од избирачкиот список…
Така било од 1990 година наваму….
За оние кои не знаат, според тој регистар на државјани, бројот на државјани е над 2,4 милиони, од кои околу 1,8 се полнолетни…
Гледам дека поддржувачи на СДСМ ги критикуваат СДСМ зошто не го пречистиле списокот…
Не ги критикувајте, тоа е тоа, не можат да бришат од список ако некој е државјанин…
Плус, списокот пред 2 години го прочистуваше ДИК раководена од СДСМ…
Доста е на оваа тема…“, пишува Димовски.