Опозицијата има сериозни, суштински и значајни забелешки за Законот и концептот за новиот попис. Не се мали, напротив, но се клучни за пописот да може да биде на ниво на стандардите на ЕУ и Еуростат. Само таков попис може да биде попис кој ќе биде од корист на сите, порачува на Твитер Илија Димовски, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.
Опозициската партија вчера побара предлог-законот за попис да се повлече затоа што е штетен и неевропски и не ги исполнува критериумите на ЕУ и Еуростат, но нивното барање не беше ставено на гласање на комисиската расправа во Собранието.