Илија Димовски за МКД: Само по предлог на Собранието може да постапува Советот на обвинители за СЈО, а не обратнo

434

И изборот (член 3) и разрешувањето (член 18) на СЈО е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон. Постапката е строга, зошто и институцијата е значајна. Во двете постапки (и избор и назначување) Собрание на Република Македонија и Комисија за избори и именувањата не може, ниту смее да се прескокнат, односно ниту да се разреши СЈО, ниту да се назначи вршител на функцијата СЈО без овие две инстанци во постапката, вели во изјавата за МКД.мк пратеникот Илија Димовски, кој е и претседател на собраниската Комисија за избори и именувања.

„Советот на јавни обвинители во постапката за избор и назначување на СЈО може да постапува само по предлог на Собранието, претходно утврден од Комисијата за избори и именувања , а изгласан со двотретинско и Бадинтерово мнозинство.

Советот на јавни обвинители во постапката за разрешување може да постапува само како предлагач, односно да достави Извештај до Собранието за утврдено незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата во СЈО. Конечната одлука во оваа постапка ја носи Собранието на Република Македонија. Сѐ друго е надвор од законите“, вели Димовски.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера изјави дека предлогот за вршител на должност на нов шеф на Специјалното јавно обвинителство треба да дојде од Советот на јавните обвинители, па дури потоа за ова да одлучува Собранието.

Инаку, собраниска седница за законот јавно обвинителство е закажана за 27 август, но за законот се уште нема договор меѓу власта и опозицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...