Илија Димовски доби доверлив материјал за Катица Јанева

2073

Извештајот за разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева собранискиот спикер Талат Џафери му го достави на Илија Димовски, претседател на собраниската Комисија за избори и именувања, а во текот на утрешниот ден се очекува да биде закажана и седница за расправата.

Изештајот, како што дознаваме, по препорака на Советот на обвинители  е класифициран како доверлив материјал и затоа на самата седница која ќе ја закаже претседателот на собраниската комисија се очекува да падне одлука дали таа ќе биде отворена или за разрешувањето на Јанева ќе се расправа зад затворени врати.

По завршување на комисиската расправа, Џафери ќе закаже пленарна седница за разрешувањето на Јанева, а потоа одлуката на пратениците ќе ја потврди и Советот на обвинители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...