Седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, третоосомничена во аферата „Рекет“ ќе се одржи в четврток, но засега не е познато дали расправата ќе биде достапна за јавноста зошто таа одлука ќе биде донесена на самата седница.
Според Илија Димовски, претседател на собраниската Комисија за избори и именувања нема причина седницата да се одвива зад затворени врати во случај кога предност треба да му се даде на јавниот интерес.
Тој најави дека денеска ќе побара од претседателот на Советот на јавни обвинители, , извештајот да биде декласифициран. Според Димовски за прашањето дали седницата на која ќе се расправа за разрешуањето на Јанева ќе биде јавна или затворена, треба да одлучи Комисијата со двотретинско мнозинство, наместо Советот на јавни обвинители.
Сепак, тој потенцираше дека Комисијата за прашањата за избори и именувања треба да биде отворена за јавноста затоа што на тој начин граѓаните ќе имаат поголема доверба во законоданиот дом и во правосудстото.
Ако падне одлука расправата да се води зад заворени врати ќе можат да присуствуваат само членовите кои имаат безбедносен сертификат како и пратеници кои не се членови, а имаат сертификат за класифицирани информации, додека пак одлуката за разрешување на осомничената обвинитека ќе се носи со просто мнозинство.
Димоски вели дека во извештајот, што досега имале можност да го разгледуваат само тој и Џафери, има доволно елементи за постапката за разрешување да биде почната и завршена. Штом ќе заврши комисиската расправа, собранискио спикер Џафери ќе треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева, а одлуката на пратениците на крајот ќе ја потврди и Советот на обвинители.
Како што беше објаснето денеска на собраниската седница нема да се расправа за извештајот на Советот на јавни обвинители, туку за заклучок што ќе го донесе Комисијата за прашањата за избори и именувања.