Илир Адеми, професор по клавир, музикотерапевт и татко на дете со Даунов синдром

Вниманието на овие деца е поголемо за разлика од она кај другите деца. Тие сакаат да слушаат, да пеат и да свират на инструменти, па кога ги гледаш си мислиш дека се некој прекрасен оркестар со разиграни и со напамет отсвирени ноти, како што си милуваат тие. Но важно е дека се активни, објаснува овој супер татко и музикотерапевт за деца со посебни потреби.

693

Од октомври 2017.до мај оваа година, во рамките на Едукативно-консултативниот центар на здружението „Хандимак“ од Тетово функционираше музичка работилница за деца со посебни потреби. Оваа работилница ја посетувале дваесетина деца со посебни потреби, меѓу кои деца со аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа и други видови попреченост. Децата се од предучилишна и од училишна возраст, а задолжен за музикотерапијата со нив беше господин Илир Адеми, професор по клавир во основното музичко училиште „Енвер Стафаи“ во Гостивар.

Токму негова е и идејата за оваа работилница по музикотерапија која ја спровел во соработка со претседателот на здружението „Хандимак“, Адем Идризи, кој ја прифатил неговата иницијатива.

„Јас имам две ќерки, поголемата е Ендра Адеми која е втора година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсек  пијано, а помалата ќерка е Ембла, која има 8 години и е со Даунов синдром“, вели професор Адеми.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...