Корисниците од улиците Алберт Ајнштајн и Домбас, како и дел од корисниците од булеварот Илинден во општина Карпош утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на шибер со пречник од 80 милиметри на крстосницата меѓу булеварот Илинден и улицата Алберт Ајнштајн.
Корисниците ќе бидат без вода се додека екипата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не заврши со промената на шиберот.