Пред 5-6 години бев на гости во Љубљана и ја запознав девојката која ми ја претставија како Илина. Патем, ми кажаа дека ѝ е ќерка на колешката со која работевме во екипата на поранешниот неделник „Денес“ и дневниот весник „Македонија денес“, Јасна Франговска.
И наеднаш ми светна. Илина е истото она девојче кое со ролерки влетуваше во просториите на нашите две изданија, кои беа толку големи што душа беа дале за возење ролери. И таа максимално ги користеше. Не сум сигурна колку години имаше, ама дефинитивно беше тинејџерка. Денеска е таа дипломиран моден дизајнер, а наскоро и ќе магистрира на темата Филм Ноар.
Илина завршила во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, а потоа се запишала на факултетот за моден дизајн во Љубљана. Таму живее од 2005.година и во нејзиниот начин на изразување се наѕира благ словенечки акцент.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.