Илина Арсова: Ало Македонијо, дали се слушаме? 

3357

Вложив многу време и енергија промовирајќи ја нашата чудесна земја во светот како уметник, спортист, туристички работник и поборник за здрава животна средина и искрено се надевам дека повторно ќе се претставам со ова знаме и име.

Во моето постоење од 35 години, паметам за една земја што се викаше Југославија, и за нашево парче под името С.Р. Македонија.

Истата понатаму ја промовиравме во светот како Република Македонија, додека некои милуваа да ја викаат ФИРОМ. Низ бројните патувања нашиов пасош секогаш предизвикуваше збунка и опашка од луѓе зад мене, додека службениците се обидуваа да ја пронајдат. Освен под “М”, “Р” и “Ф” ја наоѓавме во разни делови од алфабетскиот ред и тоа под: “T” – “Тhe Republic of Macedonia”, под “Е” – “Еx republique Jugoslave de Macedoine” или зависно од јазикот “Б”- Бивша Југослoвенска реп. etc…

Епа доста е!

Додека секоја политичка гарнитура без исклучок прави експеримент на државно ниво, профитирајќи на сметка на народот кој страда, општеството назадува. Од тоа време што го паметам како дете, земјите во светов направија чуда, а ние под изговор „транзиција” полека но сигурно одиме наназад.

Уште еднаш велам доста е! Наместо измислени механизми за трошење пари и прикривање на трагите, превземете сериозни мерки во однос на екологијата, едуцирање на оштетените нови генерации, редуцирање на отпадот и воведување нови форми на рециклирање бидејќи како и да ја наречете земјава, без разлика, во брзо време ќе бидете затрупани во сопствениот измет.

Да се биде лидер на една држава не е привилегија, туку обврска!

ФБ статус на Илина Арсова, македонска планинарка и спортистка 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...