Илиески: Имам докази за уцените на Костиќ, ќе се видиме на суд

523

Директорот на „Македонска филхармонија“, на својот ФБ профил објави дека случајот со разрешувањето на Бранка Костиќ Марковиќ ќе се решава на суд.

Тој тврди дека има докази дека Костиќ Марковиќ уценувала за нејзино вработување, па дури и за висината на платата што ја барала.

„Откако Костиќ увиде дека нема простор да се вработи во нашата институција, започна да ја попречува работата на УО „Македонската филхармонија“. За нејзиното барање на висока позиција во НУ „Македонска филхармонија“, со конкретно барање и за висината на платата имам докази – кои ќе бидат обелоденети во надлежните судски инстанци!

Од 2.10.2018 г. поради лични интереси го кочеше целиот процес на усвојување на новата систематизација. Како директор на НУ „Македонска филхармонија“ сум должен да го известам Министерството за култура за работата на Управниот одбор и сите недоследности кои произлегоа од претходниот претседател на УО Костиќ Марковиќ. „Македонската филхармонија“ е сериозна институција. Нема да дозволиме личните интереси на поединци да застанат на патот на успешноста која ја гради нашата институција седум децении. Мојата шеснаесетмесечна работа и резултати се потврда на таа посветеност.

На самиот крај ќе прашам, како луѓето не учат од своите сопствени грешки, кои ги прават на идентичен начин во секоја средина каде што функционирале и каде што денес не се!“, пишува Илиески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...