Владата на Република Северна Македонија го именуваше Илбер Села за директор на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците.
– Именувањето е извршено во согласност со законските прописи, а конкурсот за избор за директор на Агенцијата е отпочнат и завршен пред распишување на претседателските избори, соопшти Владата.
Села е професор на Универзитетот на Југоисточна Европа.