Икарди најавен во стартниот состав за дуелот со Џенова

49

Напаѓачот Мауро Икарди се најде во составот на тимот на Интер за натпреварот од 30. коло на италијанскиот шампионат против Џенова и ќе го почне мечот од првата минута, објавил тренерот на „неро-азурите“ Лучијано Спалети.

– Утре Мауро ќе биде на теренот од самиот почеток. Тој покажа вистинска реакција, нешто поважно од физичката страна на нештата. Ќе видиме колку долго ќе може да остане на теренот и дали ќе треба да го заменам – изјави Спалети на прес-конференција.

Поради несогласување со раководството на клубот, Икарди не беше во тимот повеќе од еден месец. Последен пат влезе во игра на 9 февруари.

Исто така, Аргентинецот беше лишен од капитенската лента.

И покрај тоа, Икарди и понатаму останува најдобриот стрелец на Интер оваа сезона со 15 голови.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...