Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди е подготвен да си замине од клубот само доколку направи трансфер во Јувентус, пренесува „Спорт Италија“.
За Икарди се заинтересирани Монако, Наполи и Рома.
Наполитанците му нудат плата од осум милиони евра годишно и можност да игра во ЛШ. Се претпоставува дека трансферот би чинел 55-60 милиони.
Сепак, најверојатно оваа сума е превисока за Наполи, па тие во моментов се фокусирани на стекнување на Ирвинг Лозано од ПСВ и наоѓање замена за напаѓачот Аркадиуш Милик.
Минатата сезона Икарди одигра 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и забележа пет асистенции. Неговиот договорот со „неро-азурите“ важи до 30 јуни 2021 година.
ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI