Изумре една од најголемите слатководни риби на светот, не е видена 17 години

Овој вид риба беше една од двете постојни членови на видот што датира од пред 75 милиони години.

929

Научниците ја потврдија информацијата дека една од најголемите слатководни риби на светот, кинеската сабјарка (Psephurus gladius), исчезна, и тие се плашат од истребување на некои други загрозени видови што живеат во реката Јангце.
Поранешниот жител на реката Јангце достигнувала до седум метри во должина и и тежина од околу 250 кг, а последен пат е забележана во 2003 година.

Се верува дека исчезнала меѓу 2005 и 2010 година. Овој вид риба беше една од двете постојни членови на видот што датира од пред 75 милиони години.

Во Кина, многу луѓе ја нарекуваат кинеска сабјарка поради нејзината долга муцка.

Јангце е најдолга река во Азија и трета најдолга во светот, но поради разните негативни околности, како што се брани, преголем риболов, како и пристаништа и загадување, пастрмката е веќе трет вид што изумрел во реката последниве години.

Според кинеските, чешките и британските научници кои објавиле напис за кинеската сабјарка во списанието Science of the Total Environment, исчезнувањето на овој вид е скоро исклучиво предизвикано од човечките активности, односно изградба на брани и неконтролиран риболов.

Меѓународната унија за зачувување на природата и природните ресурси (IUCN) ја прогласи кинеската сабјарка за „критично загрозена“ во 1996 година, а видот се смета за „функционално изумрен“ од 1993 година, кога веќе немаше доволно парови за размножување.

Исчезнувањето на оваа слатководна риба е уште еден удар за екосистемот на реката долга 6300 километри, дом на повеќе од 4.000 водни видови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...