Членови на арачиновската криминална група вчера вечер биле изрешетани во Чаир, дознава Нетпрес, според чии извори се работи за Н. Ајети и Б. Ајети.
Според полициските извори на Нетпрес, двајцата се припадници на арачиновската криминална група. Болнички извори рекле дека еден од нив е во животна опасност, а другиот е во критична состојба.
МВР соопшти дека вчера во 17.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека од спортска обложувалница во населбата Топанско Поле биле донесени А.Н.(39) и А.Б.(45), повредени од огнено оружје. Едно лице, поради претходно недоразбирање со А.Н. и А.Б., вработени како приватно обезбедување во обложувалница на улицата Втора македонска бригада, со пиштол испукало неколку проектили кон нив.