Изрешетана мајката на советничката на Харадинај

4367

Маж синоќа околу 23 часот ја убил сопругата пред куќа во центарот на Призрен. Тој пукал во неа 15 пати.

Наводно, жената која е убиена е мајка на Диелза Хоти, советничката на Рамуш Харадинај.

Неофицијално, убиецот е сопруг на мајката на Диелза, но во медиумите се наведува дека тој не е татко на советничката.

Според локалните медиуми, осомничениот самиот повикал полиција и го пријавил злосторството.

– Почивај во мир, мамо, мој ангелу – напиша Диелза на социјалните мрежи со фотографија на која убиената е заедно со ќерките и внуката.

ФОТО: Фејсбук и Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...