Израел: Со авокадо украл 8.000 долари

416

47-годишен жител на јужен Израел ќе биде обвинет за грабеж откако успеал да украде речиси 8.000 долари од две банки во Бершева, користејќи авокадо.

Поранешниот затвореник од бедуинско село влегол во филијала на поштенската банка во трговски центар во Бершева во средината на мај и на благајничката и дал порака во која побарал да му даде пари во кеш.

„Дај ми ги парите од фиоката”, е наведено во пораката, објавија израелски медиуми. „Ставете ги парите во вреќата брзо или ќе ја фрлам оваа граната”.

Со тоа свртел внимание на тркалезен црн предмет што го држел во десната рака за кој тврдел дека е граната. Подоцна се дознало дека тоа е црно авокадо.

Ограбувачот излегол од банката со над 16.000 шекели (4.450 долари).
По пет дена, истиот човек влегол во друга филијала на поштенската банка во истиот град, повторувајќи го претходниот метод, мавтајќи со црното авокадо и се заканувал да ја разнесе. Ја напуштил банката со 12.000 шекели (3.300 долари).

Полицијата го уапсила според локации на мобилни телефони во време на грабежот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...