Во денеска објавениот извештај на израелската воена разузнавачка служба се наведува дека Иран би можел да стане нуклеарна сила во рок од две години.
Во извештајот се посочува дека Иран во рок од една година ќе има доволно материјал за нуклеарна боева глава, а за две години ќе поседува ракета.
Објавувањето на извештајот на израелската воена разузнавачка служба беше пролонгиран една недела поради убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак.
Неименувани израелски безбедносни претставници изјавија дека смртта на генерал Сулејмани е можност да се нападнат десетина ирански воени локации во соседна Сирија.
Во извештајот се разгледуваат и заканите по северната и јужната граница на Израел.
Главна закана од север по Израел е од либанската екстремистичка група Хезболах. Се претпоставува дека Хезболах нема да се двоуми да нападне и покрај тоа што ќе предизвика ескалација на насилството во регионот, ако Израел продолжи да ги напаѓа целите на шиитската проиранска организација во Сирија.
Како втора закана, во Извештајот се наведува можната ескалација на Западен Брег пред претстојните избори, на кои екстремистичкиот Хамас може да дојде на власт и во таа палестинска територија.
И покрај предупредувањата, израелската воена разузнавачка служба наведува дека се мали изгледите за војна во текот на годината.